Пресврт во судењето - Бучковски се спаси од „Тенковските делови“

Поранешниот премиер Владо Бучковски денеска при завршните зборови на судењето за „Тенковските делови“, куртули од казна зошто делото застарело.

Обвинителот Анел Фидовски се премисли и го преквалификува делото пред самиот крај, а од обвинителството за Телма велат дека причините поради кои е преквалификувано делото во полесно е за тоа што Министерството за одбрана не пријавило дека е направена значителна материјална штета, а со тоа се согласило и државното правобранителство. Според обвинителот со ова е нарушена постапката за набавка но нема докази за голема штета.

На инсистирање на Бучковски е дозволено на следното рочиште тој да ги каже последните завршни зборови.

За потсетување, обвинителството за организиран криминал во јули 2007 година поднесе обвинение против Бучковски и Стамболиски за злоупотреба на функциите, за резервни делови за армиските тенкови со кои причиниле штета од околу 150 милиони денари или 2,5 милиони евра.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.11.2019 - 19:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега