Во македонската амбасада во Вашингтон одбележан 13 Ноември

Во организација на Форумот за демократска Македонија, глобална организација на иселеници, вчера во македонската амбасада во Вашингтон, САД, со предавање и прием беше одбележана 75-годишнината од ослободувањето на Скопје.

Промовирана беше веб-архивата „Споменик“, посветена на спомениците од народноослободителната борба во поранешна Југославија.

По разговорот на авторот на овој проект, Доналд Ниебил и претставничката на Форумот за демократска Македонија, Анета Георгиевска-Шајн, беше презентирана книгата „Spomenik Monument Database“, базирана на архивата, а објавена минатата година. Книгата која доби високи оценки од реномирани критичари од областа на историјата на архитектурата.

На настанот и приемот присуствуваа гости од американската влада, како и претставници на академските кругови, меѓународни и невладини организации. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.11.2019 - 10:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега