Заев: Скопје е посилно од сите потреси кои му се случија

Денеска славиме 75 години слободно Скопје. Ова денеска го напиша премиерот Заев на Фејсбук.

- Градот врсник на македонската државност и паметник кој гордо ги носи сите лузни што низ претходните векови му ги направија пожарите, земјотресите, водните стихии и политичките и идентитетските егзибиции на неговото лице. Скопје е посилно од сите потреси кои му се случија. Скопје е инспирација. Живее во песните, расказите, романите, мемоарите и во приказните за неговите жители и за неговите маала и населби. Навистина, Скопје ни има дарувано многу, и затоа заслужува да го врамуваме нашиот град во рамките на иднината зашто Скопје е излогот на нашата земја и заслужува да го има најсветлиот сјај, напиша Заев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.11.2019 - 11:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега