Заев: Со промоцијата на „Граматиката на современиот ромски јазик“ ќе придонесеме за општество еднакво за сите
Зоран Заев,на својот фејсбук профил напиша дека една од суштинските димензии на инклузивните општества е толеранцијата, почитувањето и поттикнувањето на културната разноличност.
„Една од суштинските димензии на инклузивните општества е толеранцијата, почитувањето и поттикнувањето на културната разноличност.
Со промоцијата на „Граматиката на современиот ромски јазик“ и Речникот на ромски јазик кој е во подготовка, сите заедно ќе придонесеме за општество еднакво за сите, за нас и нашите поколенија“ напиша Заев.
Премиерот заедно со министерот задолжен за Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите, Музафер Бајрам, се обратија на промоцијата на „Граматика на современиот ромски јазик“, а по повод Светскиот ден на ромскиот јазик – 5 Ноември.
Во своето обраќање Заев истакна дека една од суштинските димензии на инклузивните општества е толеранцијата, почитувањето и поттикнувањето на културната разноличност.
„Како општество еднакво за сите, се препознаваат, почитуваат и слават повеќекратни и разновидни идентитети. Кога ја славиме различноста и афирмацијата на разликите, создаваме општество на кое му се туѓи дискриминацијата и предрасудите“, рече премиерот Заев и додаде дека „Граматиката на современиот ромски јазик“ е капитално дело што може да послужи како основа во создавањето материјали наменети за училишната практика во образовниот процес.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа