ФОТО: Веќе не изгледа вака - Српската пејачка со драстична промена
Ќерката на српската легендарна пејачка Весна Змијанац, Николија Јовановиќ, веќе со години плива успешно во музичките води и прави хитови, а позната е и по својот стил.
Младата пејачка се реши за промена и сподели фотографии на Инстаграм каде има армија следбеници.
Иако еден период беше русокоса, па се офарба црна и долгата црна коса и стана заштитен знак, сега пејачката се реши за промена и ја скрати косата, а си направи и шишки.
Таа со промената ги изненади следбениците на Инстаграм, а за кратко време доби многу лајкови.
Инаку, засега пејачката не се изјасни дали станува збор за перика или навистина за голема трансформација.
____________________________________________________________________________