Пејачката Гога Секулиќ сеуште без покрив над глава

Пејачката Гога Секулиќ која дефинитивно поминува многу тежот период во животот, сеуште нема каде да живее. Иако го доби судскиот спор против својата свекрва, сепак таа сеуште се нема иселено од станот во кој пејачката живееше со својот сопруг кој почина од тешка болест пред пет месеци.

По смртта на Игор Рамовиќ, свекрвата на Секулиќ влезе во станот во кој тие живееја, ги промени бравите и и забрани влез на пејачката. Со помош на судскиот спор кој го водеа, пејачката го доби станот кој што и припаѓа.

- Се уште не добив клуч од својот стан иако беше изречена и судска пресуда за тоа. На лекуви за смирување сум и тешко ми е да зборувам за се поврзано со смртта на мојот сопруг. Сега сум кај мојата сестра во Цирих бидејќи во Белград неам покрив над главата, изјавува Гога за Блиц.

Инаку, единствениот спас во тешката ситуација Гога го гледаше во својот адвокат, но и тој ја измами бидејќи со години немал дозвола за работа, а и неколку пати бил тужен поради измама на клиенти.

 

14.10.2013 - 09:59

најчитано сега