Живковиќ: Ниту едно дете до 3 години веќе не живее во институција

На прав пат сме!  Како одговорна партија, преку реализација на бројни политики и мерки, покажуваме дека се грижиме за секој граѓанин. Повеќе ниту едно дете до три годишна возраст не живее во институциите во Република Северна Македонија. Ова на прес-конференција го истакна Милан Живковиќ, претседател на Комисија за труд и социјална политика на СДСМ.
 
- Со отворањето на петте мали групни домови во Битола, Министерството за труд и социјална политика со своите партнери го започна процесот на целосна трансформација на „Мајчин дом“ и сите 27 деца се веќе преселени во објекти коишто наликуваат на топол семеен дом. Домот во Битола не се затвора, се трансформира во давател на нови, современи социјални услуги. На почетокот од 2020 година ќе започне да функционира регионалниот Центар за поддршка на згрижувачките семејства, како и други услуги предвидени со Законот за социјална заштита. Со последите 5 мали групни домови во Битола во нашата држава се отворени вкупно 17 мали групни домови. Со ова процесот на вадење на сите деца од институциите завршува една година порано од предвидениот рок. Во 2017 година кога започна процесот имаше 180 деца во институции, сега има останато само уште 11 деца кои се постари од три години, а Министерството за труд и социјална полтика работа e посветена на тоа и тие до крајот на годината исто така да бидат згрижени во топол дом, вели тој.
 
Вели дека го подобрувале начинот на кој се води грижа за децата.
 
- Го подобруваме начинот на грижа за децата во најрана возраст со квалитетни просторни и физички услови во кои живеат децата. Но, исто така работата во групните домови ќе им овозможи на социјалните работници да имаат индивидуален пристап кон секое дете, согласно неговите желби и потреби. Со ова ќе им се овозможува на децата квалитетен раст и развој, но и еднаква основа за понатамошен успех како и на сите други деца кои растат во семејна средина, додава тој.
 
 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.10.2019 - 14:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега