СДСМ: Груевски ангажираше гатачки, Мицкоски ангажира исцелители

Христијан Мицкоски во својот тим ангажираше и со личност која се претставувала како исцелител. Ова го велат денеска од СДСМ.
- Лазар Јовевски е стратешки соработник на Мицкоски од областа на трудовото право. Истиот Лазар Јовевски своевремено му асистирал на самопрогласениот исцелитет и јасновидец Тино Кајшаров. Низ медиумите кружат фотографии и видеа како Јовевски му помага на Кајшаров, односно ги придржува лицата кои паѓаат откако исцелителот ќе ги исцели. Ако Гордана Сиљановска е за поништување на Договорот од Преспа, ако за неуспешниот претседателски кандидат за Злбанците нема место во Република Северна Макеоднија, тогаш не може да се очкува ништо европско и прогресивно од ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ.
Додаваат дека појавувањето на Игор Дурловски во листата која наводно треба да ја обновува државата значи најава на соништата од минатото за погазување на парламентарната демократија во земјата. Најава за нов крвав четврток или црн понеделник во Собранието.
- Ништо не е сменето во редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски продолжува со безидејност. Ангажира лица кои биле десна рака на самопрогласени исцелители и јасновидци, кои манипулирале со граѓните наводно лечејќи ги преку крајно сомнителни методи, велат од СДСМ.
06.10.2019 - 11:49
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа