Во Хрватска има се повеќе бездомници

Бројот на бездомници во Хрватска постојано се зголемува, изјави за порталот Индекс заменикот претседател на Хрватската мрежа на бездомници Звонко Млинар.

Според податоците, Хрватска има меѓу осум и десет илјади бездомници, додека во оваа категорија на спаѓаат само тие што немаат покрив над глава.

- Во Загреб има 10 илјади лица што користат социјална помош, а во цела Хрватска околу 100 илјади. Десет илјади лица во земјата секој ден се хранат во народните кујни. Во Загреб има меѓу 3 и 4 илјади домаќинства, на кои е исклучена електричната енергија, а да не зборуваме за оние што живеат по подруми и места без вода и електрична енергија, изјави Млинар, нагласувајќи дека не се почитуваат законите што се однесуваат на овие проблеми.

10.10.2013 - 15:05
Фото: 
Кајгана