ФОТО: Голем пожар беснееше во Бардовци
Голем пожар попладнево во Бардовци, а мирисот се чувствуваше дури до Центар поради силниот ветер.
Пожарот во село Бардовци е комплетно локализиран и нема никаква опасност за населението за нивните куќи и имоти, објави Противпожарната служба на Град Скопје на нивната Фејсбук страна.
- Пожарот во с.Бардовци Локализиран да нема паника меѓу граѓаните. Екипите се на терен до негово комплетно догасување. Фала на разбирањето, напишаа од таму.
Ова се фотографиите кои ги објавија од пожарната.
Фото:
пожарна скопје
____________________________________________________________________________