Бектеши во посета на Албанија

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска ќе престојува во еднодневна посета на Република Албанија.

Бектеши во Тирана ќе има работен состанок со министерката за економија и финансии на Република Албанија,  Анила Денај и со министерот за внатрешни работи на Република Албанија, Сандер Лешај.

Како што информираат од Министерството за економија, тема на средбите ќе биде воведување заеднички контроли со едно застанување на патниот граничен премин Ќафасан-Кафатане.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.09.2019 - 08:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега