Фрчкоска: Ќе побараме укинување на притворот на Јанева, гаранција ќе биде нејзиниот имот
Не ми е познат основот по кој е донесена одлуката на Советот на јавни обвинители за разрешување на Катица Јанева како и денешната одлука да нема можност да се врати на старото работно место во обвинителството во Гевгелија – за ТВ21 изјави Ирена Фрчкоска, адвокатка на сега разрешената шефица на СЈО.
Таа рече дека одлуките и од саботата, но и денешната на Советот на јавни обвинители се уште не ги добиле. Најави дека е можно да поднесат тужба.
Деновиве истекува и 30-дневниот притвор на Јанева. Фрчкоска во интервјуто посочи дека утре ќе го достават барањето за укинување на мерката, а како гаранција ќе го понудат нејзиниот имот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа