ФОТО: Доминираат дами - ова е екипата која ќе работи со новата министерка за финансии

Министерството за финансии е екипирано со квалитетни кадри со кои верувам дека сите од кабинетот ќе имаме одлична соработка и заедно ќе воведеме нова динамика на работење која ќе покаже брзи резултати. Ова го соопшти новата министерка за финансии Нина Ангеловска презентирајќи го тимот со кој ќе работи.

Ангеловска се одлучила во тимот да доминираат дами, а за шефица на кабинетот избрана е Кристина Попова .

Останатите три дами кои ќе работат заедно со Нина се Ивана Станковиќ која ќе биде посебен советник за јавен долг и финансиски систем, потоа Олимпија Христова Заевска која ќе ја советува за меѓународни финансии, ИПА и односи со ЕУ и последната дама од тимот е Анја Марија Макеска која ќе биде задолжена за јавноста и информирањето на истата.

Во тимот како надворешни консултанти Нина ги избрала и Маријан Петрески и Павле Гацов и со нив како што објаснува самата министерка ќе соработува во областа на макроекономијата и даночните политики.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.09.2019 - 18:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега