Ивановска: Го викнавме Кочо Анѓушев на отчет за „Тополки“

За неколку актуелни случаи на сомнежи за корупција пријавени во Државната комисија за спречување на корупцијата, многу набргу ќе има одлука. Таков е случајот „Тополки“ за купопродажбата на земјиштето за изградба на хидроцентрали на братот на вицепремиерот Кочо Анѓушев, вели воо интервју за „Макфакс“  претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска.

Претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, говореше за постигнатото во првите шест месеци работа како состав.

„Работењето на предметот е при крај. Во текот на истражувањето имавме средба и со вицепремиерот Кочо Анѓушев со цел да ги видиме сите околности настанати за случајот. Многу набргу ќе излеземе со нашите ставови“, рече Ивановска. На прашање дали досега откриле незаконитост, рече дека не би сакала да говори за случајот пред објавата на Комисијата.

Случајот со набавката на радарската опрема во ‘Македонска навигација’, каде што е инволвиран и генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, антикорупциската комисија го работи заедно со Државниот завод за ревизија. Рашковски сè уште не бил повикан во Комисијата, но ако има потреба, и тоа ќе се случи, рече Ивановска.

На следната седница како точка на дневен ред ќе се најде и предметот со имотната состојба на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов.

Ивановска одговори и на повеќе прашања поврзани со работата на антикорупциската комисија, со отфрлените пријави од Управниот суд и Обвинителството. Меѓу топ-три генератори на корупцијата ги наведе вработувањата и јавните набавки.

Целото интервји на Ивановска може да го погледнете ТУКА.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.09.2019 - 19:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега