Анѓушев на средби со стопанственици во Штип и во Кочани

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев денеска пред стопанственици од Регионалната комора во Штип ќе ги презентира измените и дополните на Законот за финансискаподдршка на инвестициите и Предлог законот за субвенционирање на придонесите за задолжително социјално осигурување.

Презентацијата на мерките е согласно со активните политики на Владата за користење на средствата за финансирање на инвестициите за зголемување на конкурентноста на македонската економија и субвенционирање на придонесите од задолжителното социјално осигурување за покачување на платите на вработените до 6000 денари. 

 Анѓушев денеска ќе ја посети и индустриската зона Кочани каде ќе изврши обиколка на производствените капацитетите на „Руен Инокс“ и „Пејпер Мил“ и ќе има средби со менаџментот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.09.2019 - 09:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега