Скопјани ќе собираат зимска облека за социјално загрозените семејства

Општина Илинден организира Хуманитарна акција за собирање на зимска облека и обувки „Да ја покажеме хуманоста на дело“, која што ќе се одржи  на 14 и 15 Октомври 2013 година, на 12 пункта во сите населени места во Општина Илинден.

Акцијата ќе се одвива во Домовите на култура во период од 08-20 часот, во Марино акцијата ќе се спроведува во Пензионерскиот клуб, а пак во Миладиновци во Канцеларијата за односи со јавноста. Хуманитарната помош ќе биде наменета за семејствата соочени со соодветен социјален ризик. 

-За таа цел ги покануваме сите граѓани да земат активно учество и заедно да придонесеме за подигнување на свеста на граѓаните за потребната меѓусебна поддршка и помош на ранливите групи. Донираната облека треба да биде уредно спакувана и чиста, стои во соопштението од Општина Илинден.

10.10.2013 - 12:14

најчитано сега