Димовски бара Џафери итно да свика седницата за Јанева: Секое одложување значи спас

Џафери треба итно, за денес, да ја свика седницата за разрешување на Катица Јанева, за да има време Советот на Јавни обвинители да ја донесе конечната одлука. Ова денеска на Твитер го напиша Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.

- „Талат Џафери треба итно, за денес, да ја свика седницата за разрешување на Катица Јанева, за да има време Советот на Јавни обвинители да ја донесе конечната одлука. Секое одложено закажување на седница за утре значи спасување на Катица Јанева и прикривање на рекетот и уцените“, напиша Димовски на социјалната мрежа Твитер.

Оваа реакција следи откако претходно собраниескиот спикер Џафери најави дека ќе свика седница за разрешување на Катица Јанева пред крајот на нејзиниот мандат кој истекува на 15 септември. Џафери рече дека по обезбедувањето на писмена согласност од сите партии има доволно време седницата да биде закажана.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.09.2019 - 12:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега