Судијката Лаличиќ го казни адвокатот Алиспајиќ со 2.000 евра - Ја навредил на Фејсбук

Судијката Софија Лаличиќ го казни адвокатот Асмир Алиспајиќ со парична казна од 2.000 евра, поради објавен статус на неговиот фејсбук профил со кој ја навреди неа. Тој на Фејсбук објави статус „Сваровски судијата Софија Лаличиќ дно од судија, под итно разрешување“, а сега за него ќе плати казна од 2.000 евра.

Судијката во решението донесено на 5 септември образложува дека адвокатот застапувал обвинет за разбојништво, но на судењето се однесувал несоодветно, поради што го опоменала и на записник. По паузата не се вратил во судница, па таа на обвинетиот му поставила бранител по службена должност. Потоа го објавил статусот на Фејсбук.

Тој за „Фокус“ вели дека решението го ставил на увид на јавноста за да видат сите граѓани што се случува.

-Го објавив решението да видат граѓаните со какви судии имаме работа, со сваровски судии. Исто така, според законот глобата може да биде од 200 до 1.200 евра, а таа ме казнува со 2.000 евра, вели адвокатот.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.09.2019 - 10:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега