Татко ги заклучил децата во автомобил на паркинг во Ново Лисиче - полицијата ги кршела прозорците за да ги спаси

Двете деца што синоќа беа оставени сами во паркиран автомобил во скопската населба Ново Лисиче се времено одземени од родителите. Децата се сместени кај згружувачко семејство, соопштија од Центарот за социјални грижи.

Децата во околу 22 часот  ги забележале случајни минувачи и повикале полиција. Од МВР го потврдија настанот, но не соопштијадетали дали таткото или пак и двајцата родители ги заклучиле малолетните деца во автомобилот за да одат на прославата за вчерашниот празник која традиционално се одржува во населбата.

Жителите од околните згради за телевизија Сител велт дека не знаат што точно се случило и дека само слушнале дека имало полиција.

 Други станари пак зад камерата велат  бидејки имало и музика во живо па и преку микрофон бил повикуван соспственикот да дојде до  автомобилот во кој биле малолелните деца. Откако не се појавил интервенирала полицијата. Го искршиле стаклото и ги извадиле децата.

Скршените стакла од автомобилот Алфа ромео, на паркингот на булеварот Видое Смилевски Бато во Ново Лисиче и денеска сведочеа за синоќешниот немил настан.

Била повикана и Брза помош. Двете деца дехидрирани и исплашени со амбулантно возило околу 23 префрлени се на Клиниката за детски болести.

-Хоспитализирани се на Одделот за пулмологија Б за обсервација, направени се рутински лабораториски анализи кои се со уреден наод и спроведена перорална рехидрација. Тие се во добра здравствена состојба и се планира нивно отпуштање, изјави д-р Весна Мицевска, од Клиниката за детски болести.

Полицијата го привела таткото од забавата на која бил, додека мајката кога дошла во полиција силно викала, велат очевидци.

Во зависност од истрагата и доказите од МВР и обвинбителството Центарот понатаму ќе одлучува и дали ќе им биде одземено родителското право врз децата.

Од Основното јавно обвинителство за Сител Велат дека преземаат дејствија и прибираат податоци за целосно разветлување на случајот.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.08.2019 - 17:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега