Каменуван автобус на ЈСП во Јурумлери- повредена патничка

Вчера во 23:30 часот во СВР Скопје, И.Ј.(51) од с.Јурумлери, скопско, вработен како возач во ЈСП, пријавил дека автобусот со број 53 бил каменуван  од непознато лице, додека управувал со него во с.Јурумлери на улица ,,1’’.

Поради кршење на стаклото во автобусот, на патничката У.Б(50) од с.Јурумлери, ѝ биле нанесени телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Се превземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.08.2019 - 16:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега