Апсење во Жеровјане - Полицијата го фатила на дело

Младо момче од Жеровјане било приведено доцна синоќа откако полицијата го фатила на дело со марихуана.

Во 01.50 часот, на паркинг во близина на бензинска пумпа во село Жеровјане,  полициски службеници од Полициско одделение Камењане  го привеле 22-годишниот Б.Е. од село Чегране, кај кого е пронајдена марихуана.

По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.08.2019 - 11:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега