Несреќа во Македонија: Возило излета од пат, три лица тешко повредени

Три лица се тешко повредени откако возило излета од пат во селото Калиште во гостиварско.

Во 12.00 часот на локалниот пат за селото Калиште, гостиварско, патничко моторно возило „Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 20-годишниот Г.Џ. од селото Калиште, излетало од патот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот А.Г. а со телесни повреди се здобиле возачот и уште двајца сопатници А.К и А.Р. кои биле пренесени во Ургентниот центар  Гостивар за укажување на лекарска помош. 

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Гостивар.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.08.2019 - 11:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега