СДСМ: Ќе одговараат сите вмешани во Рекет ама и тајкуните на ВМРО-ДПМНЕ

 

Стоилковски ја погрешил адресата, овие прашања да му ги постави на Мицкоски кој должи низа одговори за неговите средби, одговорност мора да има. Ова е реакцијата на СДСМ денеска на пресот на Стоилковски.

- Паниката на ВМРО-ДПМНЕ кулминира, стравот од правдата и одговороност за сите што го прекришиле законот е се поголем. Стоилковски ја утнал адресата, вистинското место за овие прашања е балиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски. Мицкоски призна дека се гледал со Зоки Кичеец, осомничен во случајот Рекет. Лицата што се појавуваат на снимките, како Зоки Кичеец и Орце Камчев се блиски од ВМРО-ДПМНЕ, исто како и медиумот каде што излегуваат снимките. Стоилковски нека oтиде пред белиот дворец и нека го повика неговиот лидер Мицкоски конечно да се одважи и да излезе пред граѓаните со одговори на прашањата: Откако призна дека се гледал со осомничениот во Рекет, Зоки Кичеец, време е Мицкоски да одговори дали  се гледал со Груевски, со новинарот од Италија, и со други луѓе од Словенија? Редно е да каже со кого се видел? Кога и каде? Ако се видел? Што му дале? Дали тој нешто им дал и што е тоа?, велат тие.

За да не биде лицемерен Стоилковски нека ги повика на одговорност и сите оние од ВМРО-ДПМНЕ за кои се водат постапки во отворени предмети како Титаник, Тврдина, Таргет, Транспортер, ТНТ, Талир, Империја, Дизајн и многу други.

- Залудни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ да ги заштитат криминалите од режимот. Лажните вести не можат да ги променат фактите. Одговорност мора да има за сите инволвирани во случајот Рекет ама и за сите останати случаи во кои се инволивирани поранешни функционери токму од ВМРО-ДПМНЕ, тоа значи дека одговорност мора да има и за тајкуните на режимот, велат од СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.08.2019 - 13:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега