Страшна сообраќајка во Македонија: Повредени 10 лица

Десет лица се повредени од кои едно потешко во тешка несреќа се случила на патот Струмица-Валандово, кога се искршиле три возила во текот на вчерашниот ден.

МВР информира дека во 10,40 часот било пријавено дека на регионалниот пат Струмица-Валандово, делница Струмица-село Костурино, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Рено кангу“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 40-годишниот З.П. од Богданци, патничко моторно возило „Мерцедес вито“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 34-годишниот Л.М. од селото Банско, и патничко моторно возило „Фолксваген“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 37-годишниот Е.Р. од Струмица.

Во незгодата З.П. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Медицинскиот центар Струмица, а со телесни повреди се здобиле девет лица од другите возила.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Струмица. 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.08.2019 - 10:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега