СВР Охрид и ОЈО истражуваат фирма на советникот Усеини

СВР Охрид во координација со ОЈО влегле во фирмата „Нефи ИК“, чиј сопственик е советникот во Општина Охрид, Нефи Усеини, дознава „А1он“. Инспектори утринава биле и во дивоизградената бетонска база која е во сопственост на Нефи Усеини, а се наоѓа на стариот пат Охрид-Струга, пишува „А1он“.

Од Обвинителството засега нема потврда за акцијата која била спроведена, а од МВР велат дека се правени проверки, по претходно отворени истраги.

Против Усеини, Обвинителството води и четири други истраги за вербални и физички напади кои советникот ги извршил во минатите неколку месеци. Тој нападна инспектор од Скопје кој правел увид во дивоградбата, па, колега од Советот на Општина Охрид, референт во банка и последно, професорот Илјаз Илјази.

Антикорупциска отвори и предмет за советникот од ДУИ, во Општина Охрид, Нефи Усеини за дивоградбата кај Чинарот. Велат дека предметот се разгледува и дека штом се заврши ќе се даде заклучокот на Општината.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.08.2019 - 17:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега