Велешанец приведен поради превезување мигранти

Велешанец е приведен поради сомнение дека превезувал мигранти.

Според билтенот на МВР вчера во 20:00 часот на автопатот помеѓу двата тунели во правец од Гевгелија кон Демир Капија, од страна на полициски службеници било запрено товарно моторно возило „Фиат Дукато“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Т.К..

Од страна на полициски службеници возачот бил приведен. Во непосредна близина на возилото биле пронајдени 24 лица илегални мигранти од Авганистан, Пакистан и Бангладеш.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.08.2019 - 10:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега