Србин уапсен на граничниот премин „Табановце“

 

Српски државјанин е уапсен на граничниот премин „Табановце“ информира МВР. Вчера во 14:30 часот на Граничниот премин Табановце, на излез од Македонија при контрола на 39-годишниот Н.С. од Република Србија, кој управувал патничко моторно возило „Фолксваген Голф“ со српски национални ознаки, било констатирано дека VIN бројот на возилото е менуван, а типската налепница била фалсификувана.

Лицето и возилото  биле предадени на полициски службеници од СВР-Куманово за понатамошна постапка.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.08.2019 - 11:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега