Откриена причината поради која Ајнштајн бил гениј

Мозокот на Алберт Ајнштајн се истражува од неговата смрт во 1955 година, кога е фотографиран со одобрение на неговото семејство. Пред година дена во списанието Brain е објавено истражување во кое се тврди дека причините за неговата генијалност се во обликот на неговиот мозок.

Во истото ова списание се објавени резултати од ново истражување според кое тој бил толку паметен заради добрата поврзаност помеѓу левата и десната хемисфера на мозокот.

Научниците од едно кинеско училиште ги споредувале фотографиите од мозокот на Ајнштајн во време на смртта  и мажи на негова возраст и дошле до заклучок дека добрата поврзаност на нервните завршетоци резултирала со „Прекрасен ум кој е задолжен за човештвото“.

Всушност, левата и десната страна на неговиот мозок биле подобро поврзани, од левата и деснат страна од мозокот на луѓето со кои го споредувале.  Истражувачите дошле до овој заклучок со мерење на густината на делот каде нервите преминуваат од едната во другата хемисфера. Оваа нова техника на мерење им покажала на кој начин двете полутопки се поврзани ,односно дека  начините на кои се поврзани нервни завршетоци влијаат на различни функции.

 

08.10.2013 - 15:37

најчитано сега