Аргентинската претседателка заврши во болница

Откако и бил откриен хематом во черепот, како последица од пад, аргентинската претседателка Кристина Кирхнер е сместена во болница заради дополнителни испитувања.

Кирхнер на 12-ти август доживеала повреда на черепот откако паднала, но не било прецизирано местото на инцидентот ниту како се случил.

Не размислувајќи на свето здравје таа продолжила со своите работни активности и патување и ги посетила Парагвај, Русија и САД.

 

Докторите во болницата Фавалоро откриле хематом меѓу мозокот  и черепот, по што претседателката ќе мора да одмара еден месец.

08.10.2013 - 14:42

најчитано сега