„Бекамската палата“ продадена за 12 милиони фунти

Дејвид Бекам и неговата сопруга ја продадоа палатата во округот Хартфордшир за 12 милиони фунти.

Како што ја нарекуваат во жолтиот печат „Бекамската палата“, зафаќала површина од 5 хектари. Бекамови ја купија во 1999 година за 2,5 милиони фунти и веднаш почнаа да ја модернизираат.

Во сегашната форма палатата има и хеликоптерска писта, студио, спортска сала, тениско игралиште , отворен и затворен базен. За платените 12 милиони фунти, новиот сопственик чие име е непознато ќе добие и неколку спортски автомобили.

 Според потпишаниот договор Бекамови мозе да останат на имотот до Божиќ, а парите од продажбата најверојатно ќе ги искористат за купување на имот во центарот на Лондон.

08.10.2013 - 12:21

најчитано сега