Грција: Златна Зора има свои соработници во 35 полициски станици

Грчките медиуми соопштуваат дека партијата  Златна Зора формирала мрежа на свои соработници и располагала со свои луѓе во 35 полициски станици низ земјата. Во врска со ова откритие приведени се десет полицајци.

Полициските станици буквално биле претворени во „змиски гнезда“, пишува весникот „Етнос“ со коментар дека „карциномот“ на Златна зора стигнал дури до полицијата.

Откриено е дека припадниците на полицијата прикривале незаконски дејствија, извршувани од неонацистите на Златна зора низ цела земја. Во над 80 случаи на расистичко насилство биле вмешани и полицајци.

Повеќето од случаите за врски на полицајци со активисти на партијата се регистрирани во полициски станици во областа Атика и посебно во центарот на грчката престолнина. Властите истражуваат и други вакви случаи.

Лидерот на Златна зора беше уапсен заедно со други членови на партијата, како дел од напорите на владата за справување со неонацистичката партија, откако нејзин активист уби рапер со антифашистички погледи

08.10.2013 - 12:12

најчитано сега