Мицкоски за Сител: Судијата Панчески за шеф на новото СЈО, обвинителите да се вратат од каде што дошле

 

 

 Христијан Мицковски смета дека е дискутабилен кадровскиот ресор со кој располага сегашното Специјално јавно обвинителство и оти обвинителите не можат да се префрлат во новоформираното обвинителство, туку мора да се вратат во обвинителствата од кои дошле, нагласува лидерот на ВМРО- ДПМНЕ во своето интервју за Сител“.

Во интервјуо  Мицковски вели дека е дискутабилен кадарот со кој располага сегашното СЈО.

– Дел од обвинителите, вклучувајќи ја и главната обвинителка, гледаме дека се комплетно контаминирани со случајот „Рекет“. Според закон, тие не можат да се вратат во новоформираното обвинителство или одделение. Тие мора да се вратат во обвинителството од каде што дошле, оценува Мицковски.

За предлогот Вилма Рускоска да биде на чело на новото обвинителство, Мицковски вели дека тоа е исто како тие да предложат човек кој има репутација и кредибилитет и кој бил биран со години како најдобар во судската фела а, тоа е Владимир Панчевски.

– Зошто да не се размислува за таа идеја? Зошто да не го избереме него, вели Мицковски.

Мицкоски посочи дека целата јавност виде дека Катица Јанева е  инволвирана, а за тоа има и изјави од обвинителката која што го работи случајот Рекет, и наместо Јанева да одговара бидејќи постои основано сомневање за сторен криминал таа добива унапредување републичкото јавно обвинителство.

– Катица Јанева даде оставка од позицијата специјален јавен обвинител, но со овој закон е предвидено таа да се префрли во републичкото јавно обвинителство, а останатите обвинители кои што и помагаат на Катица Јанева  без разлика дали и тие кои индиректно учествувале во процесот рекет треба да бидат превземени во рамките на новото обвинителство за организиран криминал и корупција, вели Мицкоски.

Тој истакна дека погрешно е што при фузијата на капацитетите и ресурсите од СЈО со капацитетите и ресурсите на обвинителството за организиран криминал и корупција во новото обвинителство да се пренесуваат комплетно целокупните човечки, но и процеси на СЈО.

-Владата вели дека бескомпромисно ќе се бори против криминалот, организираниот криминал и корупцијата во државата. Но тоа во законот не е така, потенцираше Мицкоски.

 Мицкоски вели дека за него нема дилема дека во овој случај виновници се двајцата осомничени кои што се извршителите.

-Јавноста треба многу поконретно да се занимава со сведочење на бизнисмени во нашето општество кои што биле жртви на Кики и Фрики, а Бога ми и на координаторот на случајот, а тоа е Зоки Поки, вели Мицкоски.

Мицкоски исто така истакна дека по разговорите кои што тој ги водел со голем број на луѓе кои што се жртви на рекетот,тоа е навистина сериозно, упатени се до обвинителството да ги приложат своите докази, бидејќи треба да се каже вистината и да се биде одлучен во борбата против криминалот и корупцијата.

Во продолжение погледнете го целото интервју: 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.07.2019 - 19:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега