Калеска-Ванчева: Сите пратеници да покажат одговорност и да го поддржат новото законско решение за ЈО

 

Предлогот обвинителката Вилма Русковска да го води новото Јавно обвинителство за гонење организиран криминал и висока корупција не е одлука на партиите туку логичен след на настаните, изјави Снежана Калеска-Ванчева, пратеничка на СДСМ.

„Денеска до Собранието на Република Северна Македонија се доставува Предлог законот за Јавното обвинителство што е во интерес на реформите и правдата. Со новото законско решение Специјалното јавно обвинителство станува дел од новото Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција. Токму тоа беше предлог на ВМРО-ДПМНЕ, СЈО да стане дел од Јавното обвинителство кој што беше прифатен. Русковска во моментов е прв човек на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција“, рече таа.

Предлог законот, додаде Калеска-Ванчева, предвидува спојување на обвинителствата и оттука логично е мандатот да го продолжи обвинителката која веќе ја извршува оваа функција.

„Затоа очекуваме сите пратеници, а особено колегите од редовите на ВМРО-ДПМНЕ да го поддржат ова законско решение. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ мора да покажат конструктивност и да го поддржат новото законското решение за јавно обвинителство.Мицкоски доаѓа од партијата што и донесе неправда на земјата, тоа ја прави неговата одговорност уште поголема.Со месеци ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски одбиваа дијалог за компромис за Законот за јавно обвинителство кој ќе обезбеди СЈО како структура да ја продолжи својата работа, а случаите во нивна надлежност да бидат до крај расчистени во фер судска постапка“, рече таа.

 
 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.07.2019 - 15:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега