Средба Заев-Лисјен: Економската соработка меѓу Кина и Македонија се развива

Претседателот на Владата, Зоран Заев имаше средба со Јин Лисјен, амбасадорка на Народна Република Кина, која го завршува својот мандат во земјава.

На пријателската средба се потврдени добрите билатерални односи помеѓу Македонија и НР Кина, коишто во изминатите, повеќе од две години, бележат напредок на соработката, посебно во областа на економијата, образованието и културата. Оценето е дека е поставена стабилна основа таа соработка да продолжи и во иднина.

На состанокот се поздравени личните заложби на премиерот Заев за реализација на изградбата на двата автопата, со кинеска поддршка, Миладиновци – Штип и Кичево - Охрид.

Констатирано е дека премиерот Заев прави видливи напори со резултати во економскиот развој и во социјалните политики и дека преку конструктивните политики, на конкретно ниво придонесува за доброто на државава и за граѓаните.  

-Уверен сум дека преку процесот 17 + 1 само ќе ја јакне соработката на економски план, којашто веќе се реализира со отвореноста за нови кинески инвестиции во земјава, а расте и трговската размена. Тоа е резултат на воспоставениот дијалог на високо политичко ниво меѓу Северна Македонија и Кина, рече премиерот Заев, кој оцени дека за тоа голем придонес има успешната соработка со амбасадорката на Кина, Лисјен.  

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.07.2019 - 17:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега