Сообраќајка во Македонија: Повреден малолетник
Во 09.15 часот на крстосница од улиците „Филип Втори“ и „Гоце Делчев“ во селото Кривогаштани, прилепско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фолксваген Голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 59-годишниот Т.К. од селото и мотоцикл „Јујинг“ без регистарски ознаки, управуван од 17-годишниот Ф.Н. од селото Свето Митрани, прилепско.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот и бил пренесен во Градското болница во Прилеп.
Увид извршила екипа од Полициската станица Прилеп.
16.07.2019 - 10:24
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа