Зидхоф,Ротман и Шекман добитници на Нобеловата награда за медицина

Оваа година престижната Нобелова награда за медицина ја доби германскиот научник Томас Зидхоф и на неговите колеги Џејмс Ротман и Ренди Шекман, соопшти Комитетот за доделување на наградата во Стокхолм.

Наградата ќе им биде врачена во декември.

Утре ќе биде објавен добитникот на наградата за физика, а в среда за во областа на хемијата. В четврток следува обелоденувањето на добитникот на Нобеловата награда за литература, а в петок ќе биде познато кој ќе го понесе признанието - Нобелова награда за мир. Вообичаено неколку дена подоцна следува соопштувањето на наградениот за економија, а тоа ќе биде в понеделник.

 

07.10.2013 - 12:51