ВМРО-ДПМНЕ: Ќе предложиме нов закон за СЈО, ќе има одговорност за сите

 

ВМРО-ДПМНЕ со соопштение до јавноста околу новиот закон за СЈО.

- СДСМ паѓа. Власта е уплашена и затоа прибегнува кон притисоци, закани и шиканирања. Заев е на пат да ја загрози и европската иднина на државата. Оваа влада нема капацитет да спроведе реформи, затоа и не се почнати преговори со ЕУ. Зоран Заев се што вети излажа. Вети метла, а по метлата се остана исто, само Тевдовски го нема. Граѓаните не видоа ништо позитивно со оваа власт. Земјоделците го фрлаат својот род, образованието е деградирано, здравството е уништено.Правниот систем е уништен, велат  од ВМРО.

ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи нов закон за СЈО кој е во склад со европското право и препораките на Европскиот суд на правдата.Правосудните институции не смеат да се користат за политичка пресметка.Одговорност за секоја злоупотреба ќе има.

- ВМРО-ДПМНЕ ќе ја врати правната држава и владеењето на правото. По победата на изборите од страна на ВМРО-ДПМНЕ ќе отпочне ослободувањето на Македонија од овој вистински режим, завршуваат од опозициската партија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.06.2019 - 10:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега