ФОТО: Ќе ја реши ли оваа фотографија мистеријата стара 16 години? - нови докази за смртта на принцезата Дајана
Британскиот Дејлу Меил објави фотографија која конечно може да ја расчисти мистеријата стара 16 години поврзана за смртта на принцезата Дајана. На фотографијата се гледа снајпериста кој лежи на земја и низ нишанот набљудува автомобили, а фотографијата е пронајдена во лап-топ на војник поврзан со смртта на принцезата.
Како што пренесува Дејли Меил, оваа фотографија не е снимена за време на некоја војна, туку на едно место во Британија, а се тврди дека е поврзана со смртта на Дајана.
Фотографијата е пронајдена во компјутерот на еден војник кој на својата сопруга и признал дека е поврзан со убиството на принцезата.
Инаку, за потсетување, принцезата загина на 31 август заедно со својот возач.
07.10.2013 - 10:49