Голема полициска акција во Турција - полицијата апси нелегални групи
Утринава турската полиција започна голема полициска акција против нелегални групи. Околу 1.500 турски полицајци поддржани од хеликоптер утринава апсат во три истанбулски населби.
Припадници на одделот за борба против тероризмот на турската полиција извршиле претреси на повеќе објекти и домови во населбиет Ѓолсуј и Ѓоленсу во азискиот дел на Истанбул и во Гази во европскиот дел на градот.
Како што пишуваат турските медиуми при операцијата се приведени повеќе лица.
07.10.2013 - 10:39