Kомандант на Ал Шабаб мета на операцијата на САД во Сомалија

Како што соопштија неименувани американски претставници, цел на американската операција во Сомалија бил Кениец со сомалиско потекло, познат под името Икрима.

За Икрима се смета дека бил командант на исламичката група Ал Шабаб. САД официјално не ја соопштија целата акција, извршена за време на викендот во Сомалија од страна на американските специјалци од морнаричката единица.

 Сепак предвидената цел во операцијата не била ниту убиена, ниту уапсена.

07.10.2013 - 10:25

најчитано сега