ВИДЕО: Тајфунот Фитоу усмрти две лица - хаос во Кина

Силниот Тајфун Фитоу ја погоди Кина и создаде вистински хаос.

Ветерот со брзина од 151 километар на час, интензивните врнежи и неколкуметарските бранови откажаа неколку летови и оставија поголем дел од населението без електрична енергија.

Според државната новинска агенција Синхуа, досега две лица го загубиле животот во тајфунот, а 547.000 луѓе се евакуирани.

07.10.2013 - 09:51