САД и Русија задоволни од уништувањето на хемиското оружје во Сирија

САД и Русија се „многу задоволни“ од напредокот што досега e постигнат во уништувањето на сириското хемиско оружје, изјави американскиот државен секретар Џон Кери.

Кери се сретна со министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, изјави дека сирискиот претседател Башар ал-Асад заслужава доверба за придржувањето кон Резолуцијата на Советот за безбедност на ОН, која повикува на уништување на хемиското оружје во Сирија. Според него започнатото уништување на сириското хемиско оружје е добро на самиот почеток.

Кери и Лавров се договориле да ги повикаат ОН да се утврди датум за одржување на мировната конференција за Сирија колку што е можно побрзо, можеби уште во втората недела на ноември.

 Според рускиот министер за надворешни работи, Дамаск без никави проблеми соработува со меѓународните инспектори во уништувањето на хемиското оружје.

07.10.2013 - 09:43

најчитано сега