Тајфунот Фитоу ја погоди Кина

Источното крајбрежје на Кина денеска беше погодено од Тајфунот Фитоу, кој што беше проследен со десетметарски бранови, поројни дождови и ветер со брзина од 42 метри во секунда.

Ова е дваесет и трети тајфун кој оваа година најжестоко го погоди крајбрежјето на провинцијата Фуџиан.

Сеуште нема информации за евентуални жртви и штети.

 Тајфунот се движи кон север со брзина од 15 до 20 километри на час, а зголемено е и нивото на опасност во провинциите Фуџиан, Зеџианг и Шангај.

07.10.2013 - 09:28

најчитано сега