Започнува доделувањето на Нобеловите награди

Денеска во Стокхолм започнува доделувањето на Нобеловата награда. Засега е познато дека добитникот или добитниците на Нобеловата награда за физика ќе бидат објавени утре, за хемија на 9 октомври, за мир на 11 октомври, а за економија на 14 октомври, додека уште не е познат датумот, на кој ќе биде соопштено името на овогодишниот добитник на Нобеловата награда за литература. 

Наградите се доделуваат од комисии, кои ги составуваат - Шведската кралска академија на науки за физика и хемија, Каролиншкиот медицинско-хируршки институт од Стокхолм за физиологија и медицина, Шведската академија за литература за истоимената област. Одлука за добитникот на нобеловата награда за мир, пак, ја донесува петчлен комитет избран од норвешкиот Парламент.

Инаку, првата Нобелова награда е врачена во Сен Тропе во 1901 година, пет години по смртта на Нобел.

Од минатата година поради финансиската криза паричната вредност на наградата е намалена за 20 проценти на осум милиони шведски круни (1,2 милиони американски долари). 

07.10.2013 - 09:08

најчитано сега