Дачиќ и Тачи на работна вечера со Ештон

 

По иницијатива на високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Кетрин Ештон, денеска Ивица Дачиќ и Хашим Тачи ќе имаат работна вечера.

Оваа вечера доаѓа во време на драстично заострување на одностите меѓу Белград и Приштина, по одлуката на косовските власти да им забраната на српските владини претставнци да го посетуваат Косово за време на кампањата за локалните избори закажани за 3 ноември.

Дачиќ најави дека ќе се повлече од дијалогот Белград-Приштина, доколку одлуката на косовските власти остане во сила, додека претставници на Владата на Косово истакнаа дека нивната забрана е неотповиклива:  - Ако јас како потписник на Брислескиот договор не можам да отидам во Косово и да агитирам за изборите кои се распишани според приштинските закони, тогаш се поставува прашањето каква е целта на ваквата одлука и дали таа не претставува чиста опструкција на Брислексиот договор, нагласи Дачиќ.

Специјалниот претставник на ЕУ во Приштина, Самуел Жбогар пак оцени дека одлуката на косовските власти е „последица на нервозата на двете страни“. 

07.10.2013 - 09:04
Фото: 
Денешен

најчитано сега