Умрел пред 4 години - го нашле пред три дена
Педесет и осум годишен маж бил пронајден мртов во својот стан во Дижон. Неговото тело е пронајдено случајно после цели четири години откако починал.
Според француските медиуми, телото е пронајдено на 3 октомври, откако полицијата пристигнала да изврши судска одлука за негово протерување од станот, поради неплаќање на киријата. Телото било пронајдено мумифицирано од страна на судскиот извршител и полицијата.
Се претпоставува дека е починат пред четири години, бидејќи поштата во неговото сандаче не била подигната од декември 2009 година.
Лицето кое добивало инвалидска пензија, престанало да плаќа кирија, па била покрената постапка за негово истерување од станот.
06.10.2013 - 14:41