Си ги убила трите дечиња а судот ја прогласи за невина

Мислејќи дека ги спасува од смртоносни последици од вуду магија, Леатрис Бруер си ги удавила своите три малолетни деца Сега, 5 години по монструозното дело, судот во Њујорк ја прогласи жената за невина.

По убиството на децата од една, пет и шест години, таа имала два неуспешни обиди за самоубиство, по што е прогласена за душевно болна.

Јавноста се шокираше и што Бруер бара и дел од наследството на децата вредно 350.000 долари. Нејзиниот адвокат објасни дека дури и судот и ги додели парите на Бруер, таа сепак нема да добие ни цент бидејќи треба да се покријат трошоците од 1,2 милиони долари за нејзиното психијатриско советување и други здравствени услуги што ги добила од апсењето до сега.

 

Бруер призна дека ги удавила децата во кадата на нејзиниот стан во Њу Касел. Потоа ги ставила телата на децата на кревет и се обидела да се самоубие со голтање мешавина од хемиски средства за чистење во домаќинството. Следниот неуспешен напад и бил кога скокнала од процорец од втор кат.

06.10.2013 - 11:43

најчитано сега