ВИДЕО: Една лименка дневно ќе ви донесе пет килограми годишно - што ни прават газираните сокови

За да се искоренат лошите навики кај луѓето, во Австралија е покрената кампања против газираните сокови.

Спотот кој ќе ги опаметува граѓаните е многу директен и потсетува на најдрастичните реклами против пушењето.

Видео спотот, предупредува на опасноста од шеќер и прикажува момче кое отвара лименка, но наместо газирана течност, во лименката има маст.

„Со внесување на една лименка газиран пијалок, можете да се поправите пет килограми годишно. Немојте да се дебеелете пијајќи, исфрлете ги газираните пијалоци.Заменете ги со вода и немасно млеко“, е пораката која ја испраќа видеото.

Добро е познато дека газираните пијалоци се вистински калориски бомби, а авторите на овој спот се надеваат дека луѓето конечно ќе престанат да ги пијат.

05.10.2013 - 13:35

најчитано сега