Распад на коалицијата или раскол во СДСМ - што се случува во Струга?

Распад на коалицијата или раскол во СДСМ во Струга. Изборот на Абдула Ќазимовски за прв човек на Советот на општина Струга ги разбранува страстите меѓу лутите политчки ривали, кои на последните локални избори, најдоа заеднички јазик и потпишаа коалиција. 
Огранокот на СДСМ во општина Струга, рано утрово побрза да испрати соопштение дека ја раскинува коалицијата.

Личните и партиски интереси на ВМРО-ДПМНЕ се ставени над интересите на граѓаните на Струга. ВМРО-ДПМНЕ отстапи од принципот на коалиционен договор со СДСМ и прифати претседавач на Советот на општина Струга да не биде од коалицијата „Заедно за Струга“. Владејачката партија манипулира исклучиво за лични и партиски интереси. Нема друго оправдување за овој неразумен потег.  Коалицијата „Заедно за Струга“ беше договорена токму за претседавачкото место во Советот, коешто требаше да го добие коалицијата, во интерес на граѓаните Македонци од Струга.“ - рече Даме Ложанковски, координатор на Советничка група на СДСМ во Општина Струга.

Но советникот Ѓоко Илоски од ВМРО-ДПМНЕ тврди дека коалицијата и натаму ќе прдолжи да функционира и дека расколот е во СДСМ.

„ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека коалицијата „Заедно за Струга“ ќе продолжи да функционира и понатаму со луѓето кои дадоа поддршка на оваа коалиција која беше формирана во интерес на граѓаните на Струга. Коалицијата „Заедно за Струга“ во Советот брои 11 члена од кои петмина се од ВМРО-ДПМНЕ и шест од СДСМ. На денешното гласање покрај гласовите на ВМРО-ДПМНЕ, своја поддршка на Ќазимоски му дадоа и советниците Ристо Ќушкоски од СДСМ и Зоран Стефоски од ВМРО-НП кои беа клучни во изборот на претсдеателот“, рече секретарот на струшкиот разгранок на ВМРО-ДПМНЕ и советник во општинскиот совет, Ѓоко Илоски.

04.10.2013 - 14:41

најчитано сега