Мајката на болното момче од Сараево: Ибрахимовиќ не ни требаат твоите пари и подароци!

Приказната за малиот Хајрудин Камењаш од Сараево кој боледува од тежок облик на леукемија, дефинитивно го трогна целиот Балкан. Последна желба на ова мало момче на кое докторите му предвидуваат за жал само уште еден месец живот е да се сретне со фудбалерот Златан Ибрахимовиќ, но иако вчера босанските медиуми напишаа дека Златан ќе ја исполни желбата на детето, потоа сами се демантираа бидејќи фудбалерот немал време да го посети болното момче.

Ибрахимовиќ на Хајрудин му испратил играчки и дрес, а мајката на болниот Хајрудин бурно реагираше на ова.

-Ве молам, сите вас до еден, бидејќи ова е мојата последна најава. Златан нема да дојде во Сараево, најверојатно, има голема причина без ралика тоа треба да се почитува. Јас ќе замолам уште еднаш, ако некој има контакт во светот со менаџерот да му се пренесе, дека мојот Хајрудин не сака дрес бидејќи нема да има шанса да го носи и да ужива во него, не сака мојот Хајрудин пари, подароци, исто така, и останатите членови на семејството. Ако не може да дојде не сакаме ништо друго, особено не ПАРИ. Нека не ни помислува нешто случајно да испрати. Не успеав и тоа е тоа, боли ќе боли и ќе пoмине, не е до мене. ,,Секое добро ви посакувам на сите, напиша мајката на Хајрудин, Амела Камењаш на Фејсбук.

Според информациите на сестрата на момчето, најверојатно Ибрахимовиќ ќе го посети но во текот на другата недела бидејќи сега има премногу обврски.

04.10.2013 - 09:56

најчитано сега